Исполнета квотата за сончеви централи

Bez autora
Jul 17 2013

Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ) веќе нема да прима нови барања за добивање привремен статус на производител на електрична енергија од фотонапонски централи по повластени цени бидејќи квотата определена од Владата е исполнета. Во РKЕ веќе има 42 барања за добивање привремен статус на повластен производител, а со оглед на веќе изградените и оние што имаат вакви решенија, само дел од нив ќе влезат во оваа категорија, а за нови воопшто нема простор. Изградени се 16 помали централи (до 50 киловати) кои произведуваат струја користејќи го сонцето и 9 поголеми (со инсталирана моќност до 1 мегават). Овие фотоволтни централи имаат вкупен капацитет од 6,6 мегавати и веќе се во функција. Меѓутоа, уште 49 централи до 50 киловати кои ќе треба да имаат моќност од 2,35 kW и 12 до 1 мегават, со иден капацитет 6,75 MW имаат добиено решенија за привремен статус на повластен производител кој ќе го имаат до предвидениот рок за изградба и пуштање во функција.

Исполнета квотата за сончеви централиРегулаторната комисија за енергетика (РKЕ) веќе нема да прима нови барања за добивање привремен статус на производител на електрична енергија од фотонапонски централи по повластени цени бидејќи квотата определена од Владата е исполнета.

Во РKЕ веќе има 42 барања за добивање привремен статус на повластен производител, а со оглед на веќе изградените и оние што имаат вакви решенија, само дел од нив ќе влезат во оваа категорија, а за нови воопшто нема простор.

Изградени се 16 помали централи (до 50 киловати) кои произведуваат струја користејќи го сонцето и 9 поголеми (со инсталирана моќност до 1 мегават). Овие фотоволтни централи имаат вкупен капацитет од 6,6 мегавати и веќе се во функција. Меѓутоа, уште 49 централи до 50 киловати кои ќе треба да имаат моќност од 2,35 kW и 12 до 1 мегават, со иден капацитет 6,75 MW имаат добиено решенија за привремен статус на повластен производител кој ќе го имаат до предвидениот рок за изградба и пуштање во функција.

Со оглед дека со одлука на Владата е утврдено дека вкупната моќност за фотонапонските електроцентрали со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 kW може да изнесува 4 MW, а на оние со инсталирана моќност помала или еднаква на 1 MW да изнесува 14 MW, излегува дека с` уште нераспределени се 1 мегават за помалите и 1,5 мегават за поголемите. А тие ќе бидат покриени со дел од веќе пристигнатите барања.

Државните енергетски компании имаат обврска да ја купат по поскапа цена струјата што ја произведуваат овие капацитети, како и во сите земји, за да се стимулира производство на електрична енергија од обновливи извори.

Тие што во иднина ќе сакаат да произведуваат струја со користење на сонцето ќе можат тоа да го прават така што, по претходно добивање лиценца од РKЕ, своето производство ќе треба да го продаваат по пазарни услови на трговци, снадбувачи со електрична енергија и на операторот на електропреносниот систем и операторите на електродистрибутивните системи, а што ќе профункционира со стапување во сила на втората фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik